neon line text box
neon line text box
user gradient instagram icon
Facebook Logo

За повеќе, следете не на нашите социјални мрежи

Нашата цел е да ги направиме реномираните светски брендови достапни за сите возрасти, рекреативци, активни спортисти или едноставно љубители на секојдневниот спортски аутфит. Сакаме да го доближиме не само спортот до сите, туку и целиот животен стил што овие брендови го носат во себе.

Добредојде на BLEUPREMIUM.COM

Често поставувани прашања

1.Зошто цените се разликуваат кај вас од останатите физички продавници?

Познатите брендови како Nike, Adidas и сл. имаат објекти за складирање на артикли што не се продавале во редовните продавници на мало или се од претходни сезони. Во земјите каде се наоѓаат нашите добавувачи оваа бројка знае да биде значително голема. Аутлет продавниците обезбедуваат еден од начините да се продаде вишокот на залихи по намалени цени. Се потпираме на обезбедување одлична услуга за клиентите и најдобри производи со најниска можна цена. Не работиме на исти профитни маржи како големите продавници, бидејќи не ги носиме истите режиски трошоци.

2.Слични производи во други онлајн продавници се наоѓаат по екстра ниски цени!

Производите кои ги продаваме се автентични и оригинални каталошки производи. Точно е дека не можеме да конкурираме на фалсификуваните и неовластени производи навидум слични но со многу лош квалитет кои може да ги најдете на социјалните мрежи. Ние се држиме до нашиот принцип за продажба на производи со највисок квалитет по најконкурентни цени. Драматично ниските цени често значат продажба на фалсификуван или неовластен производ со лош квалитет но со атрактивен и непрактичен попуст.

3. Дали ќе ги имате најновите производи на светски познатите брендови?

Изборот во нашата Аутлет продавница може да биде во ограничен број и со ограничена залиха, можеби нема да ги најдете најновите или најбараните производи на наведените брендови, поради тоа и цените на производите кои ние ги продаваме се генерално пониски од малопродажните. Воедно гарантираме дека ќе добиете квалитет и целосна сатисфакција за производите кои ние ги нудиме. Ако барате специфични производи од тековна сезона или најнови изданија, можеби ќе треба да посетите редовна продавница за малопродажба.


За крај, остануваме цврсто на нашите вредности и принципи за продажба на највисок квалитет по најконкурентна цена и збогатување на искуството на нашите клиени со нашите квалитетни производи. Ве уверуваме дека секој производ пред испорака детално се проверува и никогаш нема да ви продадеме производ кој ние самите не би го купиле.

На наредната страна ќе може да дознаете повеќе за начинот на Испорака и Замена на производ


Scroll Down Arrows

ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСПОРАКА

1.Информација за нарачка

Во моментот нарачки може да правите само преку нашите официјални продавници на Инстаграм (@bleu.premium) и Фејсбук (Bleu Premium Outlet), во иднина ќе се стави во функција и нашата веб продавница www.bleupremium.com .

При креирање на нарачката ќе добиете одговор од нас за потврда дека нарачката е примена од наша страна. Нарачките направени за Викенд и Државни празници се процесираат наредниот работен ден.

2.Рок за испорака

Испораката се врши преку курирска служба од Понеделник до Петок од 08:00ч. - 20:00ч. и во Сабота од 08:00ч. - 16:00ч. Вообичаен рок за испорака е од 1 до 3 работни денови. Нарачките направени до 15:00ч. се процесираат истиот ден до курирската служба. Откако пратката ќе се процесира до курирската служба ќе добиете порака дека истата е во фаза на доставување.

3.Цена на испорака

За Нарачки чија вредност е под 2.950 денари, трошокот за достава е 130 денари. За нарачки чија вредност е над 2.950 денари, трошокот за достава е бесплатен. Трошокот за самата пратка и доставата се плаќа на врата при испорачување на пратката.

4.ПРОЦЕДУРА ЗА ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД


Доколку по прием на нарачаниот производ заклучивте дека сакате да го замените за друга големина или друг производ за ист или повисок износ, Ве молиме да не контактирате во рок од 48ч. преку една од нашите Онлајн продавници или на е-маил на bleupremiumoutlet@gmail.com. Неопходно е да ни го кажете моделот на производот и големината која Ви одговара. Откако ќе го примиме Вашето барање се врши физичка проверка дали е достапна бараната големина, односно бараниот производ по што добивате насоки и објаснување на процесот за замена на потребната големина, односно замена на производот за друг. Производот мора да биде неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со сите оригинални етикети прикачени на производот. По приемот на производот, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и без оштетувања. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок. Нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот бил носен.

4.Начин на одржување на производот

Се препорачува одржување на производот според упатствата на етикетата за нега на производот. Во прилог се општи препораки за нега:

  • Маиците перете ги во машина за перење во ладна вода со внатрешноста кон надвор, како обоените.
  • Користете детергент во прав.


  • Не цедете ја водата рачно.


  • Се сушат на нормална температура (високата топлина може да ги намали перформансите на Dri-FIT и да предизвика статичко прилепување).


  • Не користете белило, листови за сушење или омекнувач.


  • Не им правете хемиско чистење.


  • Доколку е потребно, пеглајте на ниска температура за да избегнете оштетување на логоа или дизајни.

Сите производи што се продаваат преку www.bleupremium.com и страните на Bleu Premium Outlet на социјалните мрежи Инстаграм (@bleu.premium) и Фејсбук (Bleu Premium Outlet) се автентични производи наведени во каталозите на брендовите кои ги продаваме

Disclaimer: No copyright infringement intended. We are not affiliated to any brands featured in our account. All branding information are solely credited to the rightful owner.